Кобајаши го освои и Гармиш – за 0,2 поени беше подобар од Ајсенбихлер!

156

Жесток дуел на втората скокалница од серијата Четири скокалници од Новогодишната турнеја. Јапонецот Рују Кобајаши е победник и во Гармиш-Партенкирхен со 0,2 поени подобро време од Германецот Маркус Ајсенбихлер. Кобајаши кој триумфираше на првата скокалница Оберсдорф, сега имаше импресивен настап и на втората скокалница. Беше најдобар и во првиот и во вториот скок и успеа да собере доволно поени за да победи.

Ајсенбихлер кој беше феноменален во квалификациите, во вториот обид скокна маестрални 143,5 метри.и за половина метар не го достигна рекордот на Кубацки од 2021 година. Но послабите оценки му го донесоа второто место. Со тоа Ајсенбихлер не успеа да донесе триумф на Германија на Гармиш по пауза од 20 години. Последен кој донел триумф на Германија на оваа скокалница е Свен Ханавалд во 2002 година.

Кобајаши скокна 143 и 135,5 метри и собра 291,2 поени, а Ајсенбихлер остана втор со 291 поен иако имаше скокови од 141 и 143,5 метри.

Трет заврши Словенецот Ловро Кос со 286 поени. Мариус Линдвик од Норвешка и Јан Херл од Австрија го комплетираа Топ 5.

ПретходноФабио Канаваро е најсериозен кандидат за нов селектор на Полска
СледноШкендија тргнува по Михаил Маневски