Што направи едно интервју: Влаховиќ во Челзи, Кејн во Сити, а Лукаку повторно со Конте!?

1615

Топ – тема на Островот се случувањата во Челзи и Ромелу Лукаку. Тој по тоа фамозно интервју очигледно е дека заврши со Челзи, но затоа сега на ред е домино ефектот.

Па така утринава медиумите во Англија посочуваат дека наредното лето и тоа како трансфер – пазарот ќе „експлодира“. Имено Челзи ќе го “откачи“ Лукаку а на негово место ќе дојде Душан Влаховиќ од Фиорентина. Хари Кејн би се преселил во Манчестер Сити додека Лукаку најверојатно ќе заврши во Тотенхем и повторно ќе соработува со Антонио Конте, како што тоа беше во периодот кога и двајцата беа во Интер.

ПретходноХетафе со прво новогодишно изненадување, падна Реал (М) (ВИДЕО)
СледноБрајтон му „скрои“ отказ на Бенитез, Брентфорд и Лидс Ј. ја прекинаа низата порази (ВИДЕО)