Њукасл се јавил кај Арсенал за да побара позајмица на Обамејанг

182

Њукасл стапил во контакт со Арсенал за да се обиде да добие договор за позајмица на отфрлениот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг, тврди „Мирор“.

„Страчките“ сакаат да го ангажираат 32-годишниот Обамејанг на позајмица до крајот на сезоната.

Њукасл, исто така, ќе бара да добие опција за откуп на неговиот договор по завршувањето на сеозната во висина од 20 милиони фунти. Иднината на Пјер-Емерик Обамејанг е нејасна бидејќи односите со менаџерот Артета му се комплетно нарушени.

Напаѓачот на Габон минатиот месец ја загуби капитенската лента и беше тргнат настрана поради дисциплински причини и оттогаш не заигра.

ПретходноПикфорд го „окрка“ поради сопругата (фото)
СледноАтлетико им се врати на победите (ВИДЕО)