Рускиот одбојкар Вадим Хамутских, светски првак и освојувач на три олимписки медали со својата репрезентација, почина на 52. години, објави Руската одбојкарска федерација. Хамутских го освои Светското првенство во 1999 година со Русија, а потоа освои три едноподруго олимписки медали (бронза во 2004 и 2008 и сребро во 2000 година).
Во Русија се изненадени од веста, од Одбојкарскиот сојуз соопштија дека тој починал на 31 декември, а потпретседателот на Сојузот Генади Шипулин потврди дека причината за смртта е срцев удар.
Со својот клуб Велгород освои две европски титули (2003 и 2004), а во тој клуб работел и како тренер.