ЕХФ пред стартот на ЕП 2022 ги претставува сите учесници, редот дојде на Македонија. И на овој континентален собир Кирил Лазаров е во центарот на вниманието, тој ќе има двојна улога, како играч и како тренер. За Македонија ова ќе биде шесто учество на Европските првенства, вкупно седмо. Иако на последното СП во Египет, Македонија заврши на 23 место без победа, сепак овој тим со Лазаров, Стоилов, Томовски и Митревски може да биде незгоден противник, забележува ЕХФ во својата анализа.
Лазаров има јасна визија за својот тим и стилот на игра. Младите играчи ќе добијат шанса да се докажат, но Македонија, исто така, може да смета на искусни играчи во клучните моменти. Оваа комбинација би можела да се покаже корисна, бидејќи Македонија се обидува да го стави разочарувањето од 2020 година – кога тие не успеаја да напредуваат во главната рунда за првпат на ЕХФ Евро – зад нив. Како важен момент ЕХФ го споменува и Филип Миркуловски, му подаде рака на Лазаров, па двајцата можат да придонесат многу.
Кире оваа година ќе наполни 42 години, но и натаму има што да покаже, тој е важен играч на Нант и Македонија, а во квалификациите покажа дека неговата одлука да биде тренер не е случајна, ја победи Данска. Интересно е што Македонија е во група со Словенија и Црна Гора, противници кои ги имаше на ЕП 2018, тогаш заврши како прва во групата. За крај ЕХФ ја извади статистиката од досегашните настапи.
Ова ЕХФ ЕУРО 2022 е шесто по ред и седмо вкупно за Македонија. Во 34 натпревари нашите ракометари победиле осум пати, шест натпревари завршиле нерешено, додека имаат 20 порази. Но, бројкиете не секогаш имаат важна улога на големите натпреварувања.