По Црна Гора и Португалија го откажа настапот на турнирот во Швајцарија

259

По селекцијата на Црна Гора и Португалија го откажа учеството на последниот подготвителен турнир пред настапот на ЕП кој требаше да се одржи во Швајцарија. Станува збор за традиционалниот „Јелоу Куп“ кој годинава требаше да се одржи по 49-ти пат.

Каки и Црногорците, така и Португалците не можат да пристигнат во Швајцарија поради Ковид-19. Организаторите не се откажуваат од одржувањето на турнирот, па на местото на овие две селекции брзо се испратени покани до Германија и Франција, кои заедно со Швајцарија и Украина би ја пополниле бројката од четири учесници.

„Организацискиот комитет ја прими веста дека има нови случаи на позитивни ракометари кај црногорскиот и во португалскиот тим. Поради оваа причина, двата тима нема да можат да патуваат. Ако не успееме да најдеме замени, турнирот ќе се одложи за крајот на 2022/23 година“, се вели во соопштението на организаторот.

ПретходноЛеброн ги враќа Лејкерс на победнички патеки (ВИДЕО)
СледноКовид-кризата во Барселона продолжува: Позитивен е и Лапорта