До стартот на ЕП за ракомет остануваат уште седум дена, ситуацијата со Ковид-19 навистина е алармантна, речиси да нема репрезентација која нема проблеми со позитивни.
Јасно е дека тешко ќе им биде на сите, посебно ако се знае дека речиси сите селекции ќе мора на ЕП во Унгарија и Словачка да играат ослабени.
За хрватски “Индекс“ со свој коментар се јави и Веселин Вујовиќ, довчерашниот тренер на Вардар и една од најголемите ракометни легенди, човек кој има настапувано и како играч и како селектор на многу вакви големи натпреварувања.
Тој бара ова ЕП да се откаже…
“Навистина не ми е јасно на кој нормален му одговара вакво ЕП да се одржи. Во некои селекции има по 6-7 позитивни, тие ќе патуваат на ЕП за да по истекот на изолацијата ќе им се придружат на останатите. Тоа нема врска со здравиот памет. Да не говориме што значи тоа во однос на повредите. Каков ракомет ќе гледаме? Никаков. Можно е да се игра и без публика. Па зошто би се играло, за кого би се играло. Според мене ова ЕП мора да се откаже. Па нема светот да пропадне ако не се игра“ истакна Вујовиќ.