Новак Ѓоковиќ и натаму е во карантин во Мелбурн, каде ќе остане барем уште некој ден. Во Србија “врие“, има протести кои се предводени од неговите родители, има протести и пред хотелот во Мелбурн каде што е Новак.
Попладнево како “бомба“ одекнаа зборовите на заменик премиерот на Австралија, Барнаби Џојс кој и тоа како „удри“ во српскиот тенисер.
“Ако не ги пополнил формуларите како треба, тогаш тој мисли дека може да се шегува со една суверена земја. Некои направил грешка, ако некој не ја кажал вистината тогаш тоа е Ѓоковиќ. Па, не можеш да се влечкаш по светот и да мислиш дека си над сите, над сите закони и тоа само затоа што се богати“ изјави Џојс.