Кобајаши е победник на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“

246

Јапонецот Рују Кобајаши е победник на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“. Со тоа вторпат во кариерата стигнува до престижниот „Златен орел“ по освоениот во 2019 година. Тогаш победи на сите четири скокалници, а оваа година не успеа во тоа. Се „лизна“ на последната станица.

По победите во Оберсдорф, Гармиш и Бишофсхофен (каде се одржа по откажувањето на Инсбрук поради лоши временски услови) денеска бркаше историја во Бишофсхофен. Не успеа до триумф но солидните скокови му ја обезбедија титулата.

Инаку на денешната етапа победи домашниот натпреварувач Даниел Хубер, додека Кобајаши заврши на петтото место.

Севкупно гледано Кобајаши освои 1162,3 поени, зад него се пласира Мариус Линдвик со 1138,1 поени, а трет беше Халбор Егнер Гранеруд 1128,2 поени. На четвртото и петтото место завршија Карл Гајгер и Маркус Ајзенбихлер.

Светскиот куп продолжува во петок и сабота, а на програмата се квалификациите и финалето во Титз-Нојштат.

ПретходноИлирид Адеми и официјално во Егнатиа!
Следно„Дејли Меил“: Крег Тејли е виновен за ова што му се случува на Новак