Играл два и пол часа, па го предал мечот: „Си одам, имам корона“

601

Францускиот тенисер Уго Грение го предаде мечот против Салваторе Карусо од четвртфиналето на челенџерот во Бендиг со образложение дека е заразен со коронавирус!? Играл два и пол часа, губел со 4-0 во третиот сет и потоа побарал лекарска помош. Кога докторот дошол, Грение не сакал да стави маска на лицето. Докторот инсистирал на тоа за да му помогне. Кога ја ставил маската одлучил да го предаде мечот. Рекол дека има корона и си заминал, а покрај се се ракувал со противникот.

ПретходноПрвиот човек на Торино: Протоколите се избрзани и хаотични, огледајте се на Премиер лигата
СледноЊукасл се пофали со Трипие