Серија А во „војна“ со локалните власти… фудбал во недела мора да има

253

Раководството на Серија А, е гневно на локалните здравствени власти во градовите Салернитана, Болоња, Торино и Удинезе, затоа што синоќешните мечеви биле одложени поради нивните Ковид правила. Имено, сите овие екипи, беа ставени во карантин, и тоа петдневен, што значи дека нивните мечеви нема да бидат одиграни ниту в недела.

Сепак, Серија А, гневно одговори дека според нивните пак нови Ковид протоколи, една екипа ќе може да настапи на првенствен меч доколку има 13 негативни фудбалери од првиот тим односно Примавера екипата. Доколку пак еден тим не може да обезбеди и толкав број на играчи, тогаш победата се доделува на противникот по административен пат.

Серија А ги обвини локалните здравствени власти за ситуацијата, велејќи дека тие „го оштетуваат италијанскиот спортски систем со разурнувачки економски ефект“. Подготвени се дури и да ги тужат раководните медицински структури.

ПретходноЊукасл се пофали со Трипие
СледноФудбалер на Челзи откри дека сакал да се прекрсти во Роналдо