По повод големиот христијански празник Божиќ, Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи. Српскиот тенисер им се заблагодари на сите оние кои постојано му испраќаат поддршка додека тој е заглавен во Мелбурн и ја чека конечната разврска, која ќе биде позната во понеделник.
„Благодарам на моето семејство, на Србија и на сите добри луѓе ширум светот кои ми испраќаат поддршка. Му благодарам на Господ за моето здравје“, порача Ѓоковиќ.