Некогашниот тренер на Новак: „Австралијанците се смотани како сајли“!

1424

Некогашниот селектор на тениската репрезентација на Србија и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Богдан Обрадовиќ во гостување на една ТВ во Белград, даде објаснување што навистина се случува во случајот „Ѓоковиќ“ кој ја потресе цела светска, и не само спортска, јавност. За се она што се случува со најдобриот тенисер во светот кој е во “карантин“ во Мелбурн тој истакна.

Многу добро знам што треба за да се дојде до австралиска виза. Кога аплицираш ти се потребни барем 80 формулари. Како сега не ја признаваат визата кога претходно ја признале? Овде ти одобрувам, ти одиш и пристигнуваш во Австралија а таму не ти ја признаваат. Ѓоковиќ не ни можел да влезе во авион ако немал виза. Новак патуваше со редовна линија а не со приватен лет. Тој ги исполни сите услови, сите формулари што беа потребни. Тие самите си сопнаа, а сега викаат: “Што сега нас не сопнуваш?“ вели Обрадовиќ.

Во продолжение тој со груби зборови ги „опиша“ Австралијанците…

Тие се смотани како сајли. Судот таму е независен, ќе видиме каква одлука ќе се донесе на крајот. Нив им попречило демек објавената фотографија на Новак, но грешката и дефинитивно е кај нив. На нив најмногу им пречи тоа што некој сака невакциниран да дојде кај нив да игра тенис, всушност тој турнир е еден вид забава“ рече покрај другото Обрадовиќ.

ПретходноБабунски има понуди од клубови од Западна Европа!
СледноНема возачка: Голманот на Милан по дербито со Рома дома си замина со трамвај!!!