Клопчето почнува да се одмотува, Битола и Скопје во центарот на вниманието!

780

Трката за излезе во Европа продолжува, до крајот на плеј-офот остануваат уште три кола, кои дефинитивно ќе бидат и тоа како интересни. Првата рунда од последнити три на програмата е денеска, со оглед на важноста на сите мечеви, истите ќе се играат во ист термин (19 часот).

Во центарот на вниманието се Металург, Т.Пролет и Бутел Скопје, ова се трите тима кои водат тешка битка за Европа. На третото место е Т.Пролет со 18 бода, има еден под повеќе од тимот од Автокоманда, додека зад него е Бутел со 14 бода.

Распоред е тежок, Металург игра на гости против Е.Пелистер, а додека диреткна битка ќе се води во Скопје, избраниците на Зоран Кастратовиќ се гости на „бутелци“. Со победа против градскиот ривал, Т.Пролет ќе го потврди третото место на табелата.

На останатие две средби, Струга го пречекува Вардар, додека Охрид е домаќин на Е.Пелистер 2.

Токму од 12. коло ќе почне да се одмотува клопчето.

ПретходноМакедонија се тресе за Барди, двајца позитивни во Леванте
СледноБензема во репрезентативната база по шест години