Омикрон никако да го „пушти“ тимот на Љафтов: 9 играчи во изолација

138

Равена на нашиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов никако да се опорави од Ковид-19 кризата. Деновиве последните тестирања покажаа 9 активни Ковид-19 случаи во тимот, а последно име на списокот е капитенот Рикардо Гои. Од Нова година до сега дури 11 играчи, членови на клубот и стручниот штаб дале поситивни ПЦР тестови, а меѓунив не е нашиот репрезентатвец.

Покрај Гои, во изолација се и Ерати, Димитров и Улрих, а претходно позитивни беа и Вукашиновиќ, Клапвијк, како и триото Биернат, Компарони и Фусаро. Позитивни на Ковид-19 се и двајцата тренери и тим менаџерот.

ПретходноДобра вест за Лејкерси: Ентони Дејвис се врати на тренинг
СледноАрсенал со супер понуда за Влаховиќ: Србинот би земал 50 милиони евра за пет години!