Каква „мега – бомба“ од Париз денеска. Имено како што пишуваат медиумите во Франција, постои реална можност најдобрите фудбалери во светот во изминатите 15 години, а тоа се Лео Меси и Кристијано Роналдо, да ги завршат своите кариери заедно во ист клуб.
А тој клуб секако дека се вика ПСЖ. По овие вести фановите на “светците“ се во делириум, и ако замине Килијан Мбапе во Реал Мадрид, а и тој трансфер сега веќе не е толку сигурен, тие и тоа како ќе си имаат своја нова ѕвезда.
Лео Меси веќе е во ПСЖ, а Роналдо сака да избега од Манчестер Јунајтед. Се говореше дека Барселона би можела да биде следната дестинација, но каталонците немаат пари. Реал Мадрид е завршена приказна за него, па така останува само ПСЖ кој е клуб со многу пари да ги задоволи апетитите на Португалецот.
Па, ајде да го видиме и тоа чудо. По цели 15 години епско ривалство, Меси и Роналдо во ист клуб!
Тоа ќе биде ФАНТАСТИЧНО…
За крај на една фудбалска ера.
ФОТО: TWitter