Митревски е голем борец: Ќе тренирам во соба, побарав да ми донесат опрема!

8023

Никола Митревски остана во Скопје, не допатува со македонската експедиција во Дебрецен. Последниот од трите задолжителни тестирања покажа дека репрезентативниот голман е позитивен на Ковид-19.

Митревски по вторпат има коронавирус, на голема среќа нема симптоми, тој е во одлична здравствена состојба и не се предава. Побарал да му донесат во соба опрема за тренинг, ќе ја одржува формата, верува дека може да му се приклучи на тимот во следните денови.

Овој потег на искусниот голман е за почит, заслужува голема поддршка од целата нација.

„Супер се чувствувам, немам никакви симптоми. Бидејќи без позитивен пред три месеци, се надевам што поскоро дека ќе имам негативен тест. Денеска не патувам заедно со другите играчи, но не е исклучена можностa да им се приклучам деновиве. Во консултација со нашиот стручниот штаб, добив потреба опрема за тренинг во соба и ќе останам во тренажен процес“, вели Митревски.

На соиграчите им посака да останат здрави, сигурен е дека на теренот ќе го дадат максимумот.

„На моите соиграчи би им порачал да се чуваат од вирусот, да останат здрави. За максумумот на терен, знам дека ќе го дадат“, изјави Никола Митревски. 

Македонија првиот меч го игра на 13. јануари против Словенија, два дена подоцна е дуелот со Црна Гора, на 17 овој месец против Данска ја затвараме групната фаза.

ПретходноПознати се судиите за дуелот меѓу Македонија и Словенија
СледноПа Омар Џобе пристигна во Струга Трим Лум!