Кутињо: Го обожавам Џерард, се надевам на успешна полусезона во Астон Вила

296

Астон Вила го претстави своето ново и најголемо засилување во зимскиот преоден рок Филипе Кутињо кој дојде како позајмен од Барселона. Тој ќе игра на „Вила парк“ во пролетниот дел од сезоната во Премиер лигата.

Астон Вила има опција да го откупи неговиот договор. Кутињо играше за Интер, Ливерпул, Баерн и Барселона, што значи дека се враќа во Премиер лигата и повторно ќе соработува со Стивен Џерард кој сега е тренер на „Вила парк“.

Мило ми е што сум тука, Астон Вила е голем клуб. Зборував со менаџерот Стиви Џи и ми кажа за амбициите на клубот. Се радувам што сум тука и што ќе играм во Премиер лигата. Одамна го знам Џерард, заедно игравме и многу научив од него. Тој е еден од оние на кои им се восхитувам. Се надевам на одлична полусезона во Астон Вила. Спремен сум за игра и тоа ќе го покажам“, изјави Кутињо кој го доби бројот 23.

 

ПретходноЊукасл си обезбеди и напаѓач – репрезентативец на Нов Зеланд
СледноСаутемптон го растури Брентфорд, Каљари со пресврт до победа над Болоња