Последната четвртфинална пресметка меѓу МЗТ Скопје и Куманово мина со мал инцидент, а во центарот на вниманието се најде кошаркарот на гостинскиот состав Андрејевиќ, кој кон крајот на првото полувреме го нокаутираше капитенот, Дамјан Стојановски.
Тој веднаш доби исклучувачка, а на голема среќа беше спречен поголем хаос.
Комесарот за натпреварување при КФСМ, Александар Милојевиќ ги изрече казните.
Андрејевиќ доби парична казна од 50.000 денари и забрана за настап на две средби. За техничката грешка на клупата, МЗТ Скопје ќе треба да издвои 16.000 денари.
Од прилогот во продолжение може да се види дека станува збор за мечевите од четвртфиналето, а од нив на касата на КФСМ дојдоа 169.000 денари или околу 2.700 евра.
Билтенот можете да го видите на следниот ЛИНК.