21-годишниот играч за врска Бесник Ферати по неколку години се враќа на Чаир. Она што СПОРТМЕДИА го најави, денеска од Шкупи го потврдија. Чаирчани потпишаа договор на година и пол со играчот од средниот ред.
„Многу сум среќен што се враќам во Шкупи. Посебна емоција за мене е да бидам дел од тим каде имам убави спомени и се надевам дека ќе имам што повеќе успеси. Уверен сум дека ќе продолжиме со добрата работа. Ќе се обидам да дадам максимум за боите на овој дрес кој е посебен за мене“, изјавил Бесник Ферати.
Бесник Ферати минатата сезона беше дел од тимот на Академија Пандев, додека претходно настапуваше и за Партизани во Албанија.