Цветан Кузманоски – име кое ветува!

1985

Новата Македонија почнува да се гради од Дебрецен. Мечевите на ова Европско првенство ќе бидат од големо значење за генерацијата која во иднина треба безболно да ги замени искусните имиња како Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски…

Во поразот од Словенија (27-25) има и добри и лошо страни. Добрите се дека нашите ракометари одиграа рамноправен меч против една селекција чиј ростер е далеку поквалитетен од нашиот, а истовремено на теренот Македонија го немаше Кирил Лазаров.

Од Арената „Феникс“ дојде потврда за она што веќе се најавуваше. Цветан Кузманоски е име кое ветува. Ракометарот на Е.Пелистер максимално ја користи довербата од Лазаров. Вечерва постигна осум гола, од кои два седмерци.

Кузманоски не е изненадување, тој од година во година бележи голем напредок и тоа на 23 години. Заедно со Филип Кузмановски, Филип Талески и Мартин Томовски, покажаа дека се зрели за „црвено-жолтиот“ дрес, а со системот на Лазаров оваа Македонија може да се надева на продолжување на континуитетот на големите натпреварувања.

ПретходноЕП 2022: Одличен старт на Србија, Русија за малку од готово ќе направеше вересија!
СледноСтручен коментар – Ристо Магдинчев: Ги добивме Ц. Кузманоски и Томовски!