Емоции: Кире покрај теренот, „крик“ на Томовски (ФОТО-ВЕСТ)

2088

Ова Европско првенство требаше да биде последно големо натпреварување за Кирил Лазаров во дресот на македонската репрезентација. За жал нашиот најдобар ракометар се повреди, информација која беше соопштена на неколку часа пред дуелот со Словенија.

Лазаров ќе ја извршува само селекторската функција. За профил на играч како него воопшто не е лесно да седи покрај теренот, емоциите работеа, да можеше во одреден момент ќе влезеше во игра…

Томовски беше на ниво на задачата против Словенија, речиси никој не се сомневаше дека ќе се погрижи добро за мрежата на Македонија во отсуство на Никола Митревски, кој чека „зелено“ светло од ЕХФ за да пристигне во Дебрецен.

Благодарение на неговите 13 одбрани, нашата репрезентација се држеше одлично против незгодниот противник, да не беа бројните технички грешки, сигурно денешната средба ќе завршеше поинаку. Бод и тоа како заслуживме.

Но, како што кажа Лазаров и останатите момци, нема простор за разочарување, да се научат грешките од Словенија, да се одигра еднакво силно и против Црна Гора.

ПретходноБојан Трајковски си замина од Пелистер
СледноАтлетик (Б) е вториот финалист во шпанскиот Суперкуп (ВИДЕО)