Летаа „црвени“ картони: Франција ја победи нервозната Хрватска

515

Ракометарите на Франција со победа над Хрватска го започнаа настапот на Европското првенство во Унгарија. Во ракометната класика „триколорите“ славеа со 27:22 (13:11) и им се придружија на Србите на првото место на табелата.

Натпреварот меѓу Французите и Хрватите го одбележа инцидент на теренот во второто полувреме, кога беа исклучени двајца Хрвати, а потоа и третиот Давид Мандиќ, бидејќи го удри Маје директно во лице. Тој доби ексклузивен црвено-син картон поради што по натпреварот детално ќе биде анализиран неговиот неспортски потег, па лесно може да го пропушти дербито против Србија.

Хрватска играше многу тешко без двајцата најдобри играчи Дувњак и Циндриќ, кои се уште се во протоколот за Ковид.

Најголемото изненадување вечерва го направија Холанѓаните кои ја „замолкнаа“ Арената во Будимпешта славејќи над домаќинот на ЕП со 31:28. Норвешка лесно се справи со Словачка победувајќи ја со 10 гола разлика (35:25), додека Швеѓаните немаа проблеми со БиХ победувајќи со 30:18.

ПретходноДанска и Хансен лесно го суредија следниот противник на Македонија на ЕП
СледноЏерард го собира друштвото: По Кутињо, Стиви-Џи преговара и со Луис Суарез!