Стоилов стана рекордер по бројот на настапи на Европските првенства

263

Стојанче Стоилов изби на првото место на листата на најмногу настапи на едно Европско првенство во македонскиот национален тим. По дуелот со Словенија, на стартот на континенталното натпреварување, искусниот пикер го запиша 29 меч во „црвено-жолтиот“ дрес.

Зад Стоилов се Дејан Манасков и Борко Ристовски со 28 одиграни меча, следува Кирил Лазаров со 27, Филип Миркуловски со 26, зад него е Аце Јоновски со 25 натпревари.

Македонија денеска има ден за одмор, поточно време за подготовка за следниот дуел на ЕП, а тоа е против Црна Гора (15. јануари).

ПретходноПешевски искрен, поразот боли: Разочаран сум, но нема да се предадеме, сакаме најмалку една победа!
СледноАлбанецот Чинари го засилува нападот на Шкендија!?