Во Загреб, Црна Гора „настрада“ и од друг играч!

711

Црна Гора се надева на картата – Македонија без Кирил Лазаров и Дејан Манасков на ЕУРО 2022. Овој податок е доволен за да се надеваат на победа денеска (18 часот) во „Феникс“ Арена во Дебрецен и покрај тоа што имаат бројни проблеми и не е познато со какви сили ќе располага селекторот Зоран Рогановиќ, кој денеска го одржа првиот тренинг го своите момци откако беше во изолација поради позитивен тест на Ковид-19.

Ако се земе во предвид единствениот одигран натпревар против оваа селекција на големите натпреварувања поточно оној од ЕП 2018, не се само Лазаров и Манасков, кои ја предводеа Македонија. Точно двајцата имаа важни погодоци во самиот финиш, но покрај тимската игра која не красеше на оваа средба во Загреб, како и цврстата одбрана, во одлично издание се покажа и Филип Кузмановски.

„Фитиљ“ тогаш им испорача на шест гола на Црногорците, а имаше 21 година. Од таа средба го имаме и Миркуловски, кој се врати во националниот дрес, како и Стоилов, Талески, Пешевски, Георгиевски, Митревски и Велковски.

Сите овие играчи надополнети со останатите млади сили треба да потврдат на дело дека Македонија има светла иднина и дека играта против Словенија не е случајна.

ПретходноДиего потпиша за Брегалница!
СледноРакометот обединува: Србите и Хрватите како најголеми пријатели! (ФОТО)