Ангеловски: Барди го чекаме што побргу, подготвени ќе го дочекаме ЕП

196

Нашата фудбалска репрезентација попладнево го имаше и првиот тренинг во делот од подготовките за ЕП. Предводени од селекторот Ангеловски, репрезентативците ја почнаа мисијата за дебитантското учество на шампионатот на Стариот континент.

„Најнапред жалам што овие подготовки ги почнуваме со една непријатна вест. Да испратам порака до Енис дека сите членови на репрезентациијата се со него. Чекаме негативен тест и што побргу да ни се приклучи. Се надевам дека ова ќе биде единствената негативна вест пред ЕП“, вели Мрме.

„Што се однесува до останатите, сите се пристигнати, освен Горан, Адеми и Столе кои ќе се приклучат на крајот. Се надевам дека ќе одработиме добро и подготвени ќе одиме за Букурешт. Реков дека секој меч за нас е значаен, без разлика што ова се подготвителни дуели кои не очекуваат. Како што беше и до сега, така ќе се подготвуваме и за ЕП. Тие два подготвителни меча ќе ги искористиме за вовед во некои тактички замисли. Ние долго сме заедно, но ова е одлична можност да одиграме два контролни меча. Сите се подготвени да го остават и последниот атом од силите“, вели селекторот Ангеловски.

ПретходноМИСИЈА „ЕУРО 2020“: Мрме ги собра репрезентативците на прв тренинг (ФОТО)
СледноБутел по голема драма му зеде бод на Т.Пролет