Кузмановски, Миркуловски и Манасков победнички

129

Тројца македонски репрезентативци денеска имаа одличен ден, со своите тимови запишаа победи. Најважна беше на Филип Кузмановски и Хановер, го совладаа Линген на гости со 20-22 во рамките на 31. коло во Бундес-лигата.

Добрата игра во второто полувреме беше клучна, Хановер овој дел го доби со 8-12. Македонскиот репрезентативец мечот го заврши со два гола од четири упатени удари.

И Филип Миркуловск и Вецлар славеа во 31. коло, без проблем го добија Ерланген со 28-36 на гостински терен. Македонскиот репрезентативец натпреварот го заврши со еден постигнат гол.

Овој ден го триумф го заокружи Дејан Манасков. Веспрем ја оправда фаворитската улога против Татабања беше подобар со 34-25. Манасков беше стрелец на три гола, Тонесен, Маргуч, Штрлек и Мае имаа еден повеќе.

ПретходноТодоровски и Целески со Теута се нови шампиони на Албанија
СледноНема финале на Манчестер Ј. без него: Ферги делеше совети пред финалето во ЛЕ (ФОТО)