Адам Навалка е главен претендент за селекторската функција во фудбалската репрезентација на Полска. Полскиот тим е во потрага по нов селектор по заминувањето на Пауло Соуса, кој на крајот на декември потпиша договор со Фламенго.
Претходно беше објавено дека Андриј Шевченко е еден од главните фаворити на Полската федерација, но украинската легенда која оваа недела доби отказ од Џенова, сега веќе не е во плановите на Полјаците.
Според новинарот Николо Шира, Полјаците не се сигурни дека го сакаат Шевченко во еден ваков момент по неговото неславно клупско деби во Италија, а и самиот Шевченко изјавил дека ќе почека пред да побара нов ангажман.
Навалка веќе беше селектор на полската репрезентација од 2013 до 2018 година.