Добри вести за Тухел: Менди и Канте се вратија на тренинг пред финалето во ЛШ

175

Челзи се подготвува за големото финале во ЛШ со Манчестер Сити, а од лондонскиот тим доаѓаат и позитивни вести за тренерот Тухел и за навивачите на тимот.

Имено, „Скај Спорт“ денеска потврди дека голманот Едуард Менди и играчот за врска Н’голо Канте, чие учество на оваа средба беше доведено во прашање поради здравствени проблеми, започнале да тренираат со тимот.

Претходно, Томас Тухел истакна дека доколку Менди не е подготвен, на голот ќе застане Кепа Аризабалага, но тоа не наиде на позитивен одек кај навивачите на тимот.

ПретходноМарко Дмитровиќ е нов голман на Севиља
СледноФИНАЛЕ ЛЕ: Продолженија во Гдањск, Виљареал – Манчестер Ј. 1:1 (ВИДЕО)