Се чини дека сагата околу Столе Димитриевски и дефинитивно ќе заврши за ден – два, ако и не е завршена. А таа сага ќе заврши со трансфер на Македонецот, со најдобриот голман во Ла Лига според статистиката во есенскиот дел, не во Барселона туку во С. Арабија и тоа во Ал – Наср.
Последните информации вечерва од Шпанија велат дека Рајо Валјекано ја прифатил втората понуда од Саудијците вредна 10 милиони евра, и дека сега веќе нема пречки Македонецот да се пресели во Ал – Наср. Да потсетиме дека првата понуда изнесуваше “само“ 3,5 милиони евра.
Ова вечерва го објави Руди Галети, новинар од Италија кој пред неколку денови прв ја објави веста дека Столе веројатно ќе се пресели во С. Арабија.
Се разбира дека за ова треба потврдна информација и од Рајо Валјекано. А дека Димитриевски и дефинитивно ќе си оди најдобар доказ е тоа што на последните натпревари тој не бранеше за Рајо, едноставно беше чуван да не дојде до повреда и така трансферот на пропадне.