Хрватска со шест нови ракометари во втората фаза, важен играч доби потрес на мозокот

621

Хрватската ракометна репрезентација имаше многу проблеми пред и за време на Европското првенство, но успеа да избори пласман во наредната рунда. Победите над Србија и над Украина ги пласираа понатаму, а селекторот Хрвоје Хорват мораше да менува за време на групната фаза, а сега ситуацијата е подраматична.

Дури шест нови играчи се повикани во националниот тим пред мечевите од втората фаза, а од оние кои отпаднаа од списокот е и Халил Јагањац кој имаше потрес на мозокот на мечот со Србија.

Шестмината нови играчи се: Кристијан Пилиповиќ, Иван Слишковиќ, Владо Матановиќ, Матео Мараш, Доминик Кузмановиќ и Верон Начиновиќ. Тие ќе и се приклучат на екипата во Будимпешта, додека ХРС донесе одлука играчите кои и понатаму се позитивни на коронавирус да се вратат во Загреб и таму да го продолжат лекувањето. Доколку некој од нив заздрави и биде спремен за втората рунда, дополнително ќе отпатува во Унгарија.

 

ПретходноЛех Познањ го демолира Шкупи (видео)
СледноПоповски од Борец дојде во Работнички