Црногорскиот интернационалец Момчило Рашо ќе биде новиот стопер на тимот на Работнички зимава. Тој е веќе во Скопје, и ќе му се приклучи на тимот во текот на денешниот ден, со што ќе стане дел од низата засилувања кои пристигнаа во Гратски парк во овој преоден рок.
За него Работнички не е непознаница, тој мина дел од својата кариера во овој клуб, пред да замине во Кипар, а потоа и во Србија.
Сега се враќа да му помогне на Работнички да излезе од резултатската криза која сезонава го „тресе“ овој клуб, а и самиот да се врати во препознатливата форма, која и му донесе неколку трансфери во низа своевремено, а и му донесе статус на репрезентативец на Црна Гора.