Новите групи на ЕУРО: Фијаско на домаќинот, сензационалното славје на Холандија (ВИДЕО)

441

Групната фаза на Европското првенство синоќа и официјално заврши. Вкупно 12 репрезентации ги спакуваа куферите, меѓу нив е македонската ракометна репрезентација.

Познат е пласманот на селекциите од 13. до 24. место, редоследот е следниот: Чешка, Србија, Унгарија, Словенија, Белорусија, Словачка, Португалија, Австрија, Литванија, Македонија, Босна и Херцеговина и Укарина.

Системот на ЕХФ се покажа како фатален за сите селекции. Одлуката во следната фаза да одат првопласираните екипи од секоја група им се удри од глава на челниците на ова натпреварување.

Будимпешта, градот каде што ќе се игра една од двете главни рунди остана без главните фанови, домашните. Унгарија не успеа да го завери билетот.

Токму од оваа група доаѓа и најголемото изненадување. Холандија за првпат во својата историја ќе игра во следната фаза. Оваа репрезентација до 2020 немаше пласман на Европските првенства, на истото заврши на 17. место, сега има шанса да испише нова историја.

Во главната рунда ќе ја нема Словенија која пред стартот на ЕУРО ја сместија како еден од главните фаворити за високи дострели, наместо оваа селекција во Будмпешта билет заверија Црногорците. И покрај Ковид-проблемите најдоа начин и сила да го продолжат европскиот сон.

Во Будимпешта ќе ги видиме Хрватска, Франција, Данска, Исланд, Холандија и Црна Гора, додека пак во Братислава пак ќе играат Германија, Шпанија, Русија, Норвешка, Шведска и Полска.

ПретходноАлберто од Интернасионал ќе го засили Зенит
СледноСуарез добил интересен телефонски повик