Нова страшна партија на Јокиќ и асистенција за победа, Лејкерси одново разочараа (ВИДЕО)

352

Најдобриот кошаркар во НБА-лигата за минатата сезона беше во центарот на вниманието на дуелот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс. Нагетси славе со 130-128, а Никола Јокиќ пружи уште една фантастична партија.

Постигна 49 поени, оствари трипл-дабл учинок, подели асистенција за победа во продожението. Иако беше заробен меѓу двајца играчи, ја испрати топката до Гордон за голема радост во редовите на својот тим.

Покрај 49-те поени, тој додаде 14 асистенции и 10 скока, сето ова за 41. минута на теренот.

Ова беше деветти трипл-дабл оваа сезона, а со 66. вакви остварувања го мина Џејмс Харден на вечната листа, пред него сега е Вилт Чембрлен, кој е на шестото место со 78 трипл-дабли.

Гордон мечот го заврши со 28 поени, додека на другата страна Зубац имаше 32 поени и 10 скока.

Денвер се наоѓа на шестото место во Западната конференција со 23 победи и 20 скока, додека пак Клиперси со 22 победи и 24 порази се наоѓаат на деветото место.

Лејкерси само што влегоа во добра форма, одново ги разочараа навивачите. На домашен терен беа совладани од Индијана со 104-111.

Најзаслужен за триумфот на гостите беше Домантас Сабонис кој запиша трипл-дабл од 20 поени, 12 скока и 10 асистенции, на другата страна Леброн Џејмс имаше 30 поени и 12 скока.

Резултати:

Филаделфија – Орландо 123:110

Васингтон-Бруклин 118:119

Атланта-Минесота 134:122

Бостон-Сарлот 102:111

Мајами-Портланд 104:92

Чикаго-Кливленд 117:104

Милвоки-Мемфис 126:114

Далас-Торонто 102:98

Сан Антонио-Оклахома 118:96

Јута-Хјустон 111:116

Денвер-Лос Анџелес Клиперси 130:128

Сакраменто-Детроит 131:133

Лос Анџелес Лејкерси – Индијана 104:11

ПретходноПрoблем со ПЦР тестовите во Унгарија: Здравствените работници среде меч можат да отстранат играч!
СледноЃоковиќ ќе бара цело богатство од Австралија