Тимот на Барселона синоќа испадна во националниот куп на Шпанија по поразот од Атлетик Билбао со 3:2. Ако и тоа не беше доволно лоша вест, доаѓа и следната која вели дека Ансу Фати прерано го заврши мечот поради повреда на препоните. Тој во солзи го напушти мечот, а по истиот од клубот потврдија за каква повреда станува збор, но не и за времетраењето на истата.
Ансу Фати туку што се врати од тешката повреда на лигаментит на коленото и секако дека за овој млад фудбалер, секоја следна пауза поради повреда ќе биде тешка за поднесување.