Давид Дејвис може да здивне. Новиот стратег на некогашниот двократен европски првак, тимот на РК Вардар, од денеска го комплетираше својот стручен штаб. Имено денеска на тренинзите се појави и Венио Лосерт кој ќе биде тренер на голманите на “црвено – црните“. Во стручниот штаб на Давид Дејвис, покрај Лосерт, тука се и Владо Недановски и Стојан Петрушевски. Во моментов вардарци се подготвуваат во Скопје, наскоро се очекува и враќање на оние кои настапија на ЕП во Унгарија и Словачка.