Поранешната вардарка става крај на кариерата!

523

Амандин Лејно, една од најдобрите голманки во светот во изминатата деценија и повеќе, инаку екс – ракометарка на Вардар, има намера да стави крај на успешната и долгата кариера. Репрезентативката на Франција, која сега настапува за Ѓер, објави дека ја донела најтешката одлука во животот. А таа е по завршувањето на тековната сезона да оди во „пензија“.

Лејно беше голман на ЖРК Вардар во деновите кога овој тим беше при врвот на Европа, но немаше среќа да се искача на него. А од 2018 година го брани голот на Ѓер.

ПретходноУрнебесно видео: Фаз…Фаз…Фазлагиќ, како Висла го претстави македонскиот фудбалер! (ВИДЕО)
СледноЈуве има понуда: 35 милиони евра + Кулушевски во замена за Влаховиќ