Миленкоски со Финикас незапирливи: Падна и Олимпијакос на гости

155

Македонскиот стратег Јошко Миленкоски ја препороди екипата на Финикас во грчката одбојкарка елита. Освен што го освои Суперкупот на Грција, Финикас по враќањето на терен по ковид-кризата во која беа заразени скоро сите одбојкари и нашиот стратег врза две последователни победи, меѓу која и онаа вчерашната на гостински терен против лидерот и актуелен шампион Олимпијакос со 3:2.

Тимот предводен од нашиот некогашен селектор славеше на гостински терен, со што во еден месец оствари две победи над Олимпијакос и покажа дека под водство на Миленкоски тимот ќе се бори за висок пласман и во плеј-офот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноМедведев убедливо до осминафинале на АО
СледноПродолжува прволигашката битка: Коронавирус, три пасивни тимови и проблеми!