Поради Роналдо, фудбалерите на Манчестер Ј. не ставаат шеќер ни во чај

408

Влијанието кое Кристијано Роналдо го има врз фудбалерите на Манчестер Јунајтед, по се изгледа, станува се посилно. Според „Атлетик“,  фудбалерите го следат Португалецот не само на теренот, туку и неговиот животен стил надвор од него. Во однос на исхраната и научниот пристап кон спортот, Роналдо им сугерирал на сите во соблекувалната да престанат да додаваат шеќер во чајот и кафето.

Пред извесно време беше објавено дека Кристијано не бил задоволен од односот на играчите на Јунајтед кон работата и изненаден што тие не работат дополнително во салата. 36-годишниот фудбалер оваа сезона постигна 14 гола и имаше 3 асистенции на 24 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања.

ПретходноФренки Де Јонг ја врати Барса во ТОП 5 во Ла Лига (ВИДЕО)
СледноУште еден удар за Хрватска на ЕУРО