Фудбалерите на Струга ТЛ вчера пристигнаа во Драч (Албанија) каде ќе ја одработат главната фаза од тековните подготовки, а веќе денеска го одиграа и својот прв пријателски натпревар. Противник беше составот на Феризај, тим од Косово кој успеа со 2:1 да слави над тимот од Струга. Голот за за четата на стратегот Срѓан Захариевски бил дело на Кочоски во второто полувреме.
До крајот на подготовките во Драч, стружани ќе одиграат најмалку уште три вакви пријателски средби.