0
Иван Тричковски вечерва против Анортозис го постигна својот десетти гол во првенството на Кипар, и е прв стрелец, но не успеа да му донесе триумф на својот тим АЕК Ларнака. Иако со голот на Македонецот во 52.минута водеше со 1:0, сепак екипата на АЕК Ларнака не успеа да победи, зошто гостите преку Новотни во 70. израмнија на 1:1, со што се испостави дека тоа е конечен резултат.
АЕК Ларнака со тие два бода ќе беше на чело на табелата.