Она што беше најавено, од денеска е и официјално. Шкупи, есенскиот првак во ПМФЛ, доби екстра засилување,имено на Чаир се врати Омар Имери.
Младиот напаѓач ќе биде во Шкупи шест месеци како позајмен фудбалер на Бодрумспор.
“Посебно е чувството кога ќе се вратиш во Шкупи, еден од најголемитек клубови во земјата, со посебна традиција. Јас ќe го дадам својот максимум за да ги оствариме амбициите на клубот“ истакна на промоцијата Омар Имери кој по 3,5 години пак ќе го носи дресот на Шкупи.