Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, а таму за противник ќе го има подобриот од Беретини и Монфилс. Шпанскиот тенисер заедно со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер имаат по 20 грен-слем титули, доколу успее да го освои Мелбурн тој ќе дојде до бројката од 21 трофеј.
И покрај овој факт Надал е скромен, изјави дека ќе ужива поеднакво.
„Фактот дека сите сме изедначени, значи дека делиме една неверојатна историја во спортот. Уживам да играм тенис, ова многу пати го имам кажано до сега. Нема да бидам исфрустриран ако Новак или Роџер дојдат до повеќе титулу. Уживаме во ситуацијата, секој од нас е посебен на свој начин“, изјави Надал.