Македонскиот првак испиша нова историска страница. По пласманот во Супер-лигата во јадранската лига, вечерва дојде до првата победа во овој дел од натпреварувањето. Екипата на Бадел 1862 по двата порази, на домашен терен го совлада Триглав со убедливи 69-44.
Добрата игра во првата четвртина (26-10), а потоа и фуриозната трета четвртина беа пресудни за крајниот исход. Избраничките на Перо Стамески во третиот период постигнаа 18 поени, а примија само четири. Во ист ритам одиграа и во последните десет минути за заслужена радост.
Трајчевска и Максимовска со по 15 поени беа први стрелци, Кметовска имаше 13 поени, Стојановска еден помалку.