Даниеле Колинс од САД е втората финалистка во женска конкуренција на АО. Американката во полуфиналето немаше никакви проблеми против Ига Швјонтек од Полска и ја победи 2:0 во сетови или 6:4 и 6:1 во гемови. Ова полуфинале траеше еден час и 18 минути и во текот на целиот меч Колинс беше таа што го диктираше темпото и ги контролираше настаните на натпреварот.
Ова за Колинс е прво финале на гренслем – турнирите, и во него ќе ги одмери силите со Ешли Барти од Австралија, која пак претходно славеше против Медисон Кејс од САД.