Данил Медведев е вториот финалист на АО. Во полуфиналето кое заврши предмалку, Русинот со 3:1 успеа да го победи Стефанос Циципас од Грција и со тоа да си закаже финале со Рафа Надал на турнирот во Мелбурн. Тоа епилогот на полуфиналните средби кои се одиграа денеска.
Гркот се надеваше дека ќе успее да го стопира одличниот Медведев, но успеа да дојде само до еден сет. По сетови резултатот се движеше 7:6, 4:6, 6:4, 6:1 за Медведев.
Голема победа, а сега на ред е Надал кој посакува со триумф да дојде до рекордната 21-ва гренслем – титула.
Во секој случај ќе биде супер интересно.