Знаменосци на отворањето на Олимпијадата во Пекинг ќе бидат Дехари и Цветановска!

222

Во пресрет на Зимските олимписки игри во Пекинг, кој ќе се одржат следниот месец и во пресрет на заминувањето на нашата делегација во недела, денеска во МОК беше одржана прес-конференција на која беа претставени нашите тројца спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија.

Значи ќе бидеме претставени на оваа најголема смотра со три спортисти кои ќе се натпреваруваат во алпско скијање и нордиски трчање.

На пресот беа искажани очекувањата, а водач на македонската делегација во Пекинг ќе биде Владимир Богоевски, кој е спортски директор во МОК.

Да кажеме дека на чинот на отворањето на Олимпијадата во Пекинг, нашето знаме ќе го носат скијачот Дардан Дехари и нордијката Ана Цветановска.

Наши претставници на Олимписките игри се:

-Ана Цветановска – Крос кантри ќе настапи на 7,5 км слободно + 7,5 км скијатлон (5 февруари) и 10 км класично (10 февруари).

-Ставре Јада – Крос кантри ќе настапи Спринт слободно 1,5 км (8 февруари) и 50 км слободно (19 февруари).

-Дардан Дехари – скијање ќе настапи слалом/велеслалом (настап на 13 и 16 февруари).

No description available.

No description available.

ПретходноШтип со помош на ФФМ ќе биде успешна фудбалска приказна! (ФОТО)
СледноИлија Абутовиќ се сели во Франција