Спортот на прво место и спортот на спортистите. Тоа е девизата на новиот градоначалник на Оштина Бутел Дарко Костовски, инаку тренер на нашиот херој од Олипијадата во Токио, Дејан Георгиевски.
Токму затоа тој, како што и самиот нагласи, го одбрал Баже Илијоски за свој личен советник за спорт кој ќе му помага во работата и се разбира ќе го советува за работи поврзани со спортот во оваа скопска општина.
„Од денес мој личен советник и помошник во областа на спортот ќе биде еден од најдобрите интернационалци и македонски фудбалери бутелчанецот Баже Илијоски – Палте.
Баже Илијоски е долгогодишен фудбалски репрезентативец, дел и од сениорската А селекција. Тој во својата богата меѓународна кариера има настапувано во Малезија, Јужна Кореа, Јапонија, Тајланд, Романија, долг период капитен на македонски Работнички, стрелец е на над 150 прволигашки голови и пет кратен освојувач на македонското првенство и купот.
Околу советите и помошта за спортот волонтерски ќе бидат вклучени и неколку легендарни спортски имиња кои се родени и живеат во Општина Бутел.
Општина Бутел изобилува со спортисти кои оствариле врвни спортски резултати, олимписките медалисти Шабан Трстена, Шабан Сејди и Дејан Георгиевски се олимписка гордост на Македонија но и на Општина Бутел.
Елиф Елмас, Ѓеорги Чековски, Ристе Деловски, Баже Илијоски, Борко Ристевски, Лазе Мајнов, Филип Додевски, Мартин Клинчаров, Вероника Костовска, Чедо Николовски, Александре Стајковски се исто така елитни спортисти кои постигнале врвни спортски резултати, во таа смисла овој тренд треба да се поттикнува за да се создадат што поголем број на вакви спортски икони“ изјави градоначникот Костовски.