Во третиот пријателски меч од подготовките во Драч, попладнево екипата на Струга Трим Лум успеа да дојде до својата прва победа. Четата на стратегот Срѓан Захариевски успеа го победи составот на Беса, инаку член на ВМФЛ – ЗАПАД, со 1:0. Стрелец на голот беша Таири од пенал во првото полувреме.
Во следните денови од престојот во овој познат туристички центар, екипата на Струга Трим Лум, ќе продолжи со одигрување на пријателски мечеви со цел да достигне потребната форма во пресрет на стартот на пролетниот дел закажан за 13 февруари.