Тешко е, ужасно е тешко да си тренер на Реал Мадрид. Се разбира таа клупа е најжешка во светот на фудбалот. Тоа на своја кожа и тоа како го почувствувал Вандерлеи Луксембрго, Бразилецот кој едно време беше тренер на “галактикосите“.
Самиот Луксембурго објасни зошто добил отказ од газда Флорентино Перез.
„Игравме со Гетафе. Во 90.минута беше 1:0 за нас, и поради фактот дека имавме играч помалку на теренот зошто Бекам беше исклучен во првиот дел, јас го извадив Роналдо од игра. Резултатот остана 1:0 за нас, ама веднаш по мечот од ложата се симна Перез и почна да ме прашува зошто сум го извадил Бразилецот. Тој рече дека покрај победата на фановите на Реал Мадрид им е важна и играта, и забавата која ја приредуваат играчи како Роналдо и дека не сум смеел да го извадам. Беше многу лут, утредента ми беше врачен отказот“ истакна Луксембурго.